| четврток, 6 декември 2018 |

Во делчевското село Ѕвегор се пие вода загадена со фекалии, предупредување од Центарот за јавно здравје

Водата во делчевското село Ѕвегор е неисправна за пиење бидејќи е загадена со  фекални бактерии. Анализите направени на чешмата од селскиот водовод во село Ѕвегор покажале бактериолошка неисправност, исто како и онаа во т.н. Чешма џамија во село Вирче и водоводната чешма во село Град.

Центарот за јавно здравје од Кочани ги предупреди жителите на село Ѕвегор да не ја пијат водата.

– Ги известуваме жителите на село Ѕвегор дека водата од селскиот водовод не е исправна за пиење. Согласно резултатите од анализите на водата, истата не одговара на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри за бактериолошка анализа која покажува зголемен број колиформни бактерии, присуство на ентеропатогени бактерии ентерококи, Псеудомонас аерогиноза, Ешерихија коли, а одговара на физичко-хемиската анализа. Поради ова, препорачуваме водата да не се користи ниту за пиење, ниту за одржување лична хигиена и подготвување храна –  информираат епидемиолозите од Центарот од Кочани.

Согласно нивните препораки, веќе се врши хлорирање и друг третман на водата, додека ЈЗУ ПЕ-Делчево, во соработка со ЈПКД „Брегалница“ преземаат соодветни мерки, согласно со препораките од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top