| четврток, 6 декември 2018 |

Скарани соседи се пресметале во Шутка – Момче повредено откако го удриле со шипка во главата

Вчера околу 12 часот во Скопје на улица „Брсјачка буна“ додека Ф.А. (22) од Скопје се движел пеш, бил пресретнат од Ј.Б. (20), Е.Ј. (23) и А.А., при што Ј.Б. физички го нападнал Ф.А., удирајќи го со метална шипка во пределот на задната страна на главата.

Причина за нападот биле нарушени меѓусоседски односи.

Ф.А. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е префрлен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Б.Ј. е приведен во Полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top