| четврток, 6 декември 2018 |

Шекеринска: Опозицијата бара избори, ама не годинава

Факт е дека опозицијата единствено што бара е да има избори, ама да не се оваа година. Да се избегнат брзи избори и да се избегне нивното соочување со реалноста. Ако нема решение на некои од проблемите кои граѓаните очекуваат да ги решиме тогаш изборите можеби се единственато решение.

Ова го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, каде им ќе се обрати на новата генерација питомци од учебната 2018/2019 година.

На прашање дали ќе има техничка Влада, Шекереинска рече дека ќе го почитуваат законот и Уставот, во кој стои дека во случајот на предвремени избори помеѓу одлуката од Собранието за одење на предвремени избори и одржувањето на избори се до 60 дена.

Министерката рече дека Владата попладнево ќе одржи седница со единствена точка на дневен ред, предлог за пристапување на измена на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на РМ и рече дека не сака однапред да ги кажувам информациите што подоцна ќе бидат споделени со сите.

– Наша цел е овој процес да биде успешен. Работиме и покажуваме со конкретни одлуки дека интересите на Македонија ни се приоритет. Се надеваме, очекуваме и бараме тоа да важи за сите политички партии и за сите избрани претставници на граѓаните, истакна Шекеринска

Таа додаде дека Македонија во 2015 и 2016 година според извештаите на ОБСЕ/ОДИХР и извештаите на Европската комисија беше заробена држава во која сите избори беа полоши од претходните.

– Изборите во 2016 година, локалните избори во 2017 беа оценети како избори кои ја вратиле вербата кај граѓаните на РМ во изборниот процес. И веќе никој не зборува за заробена држава, веќе никој не зборува за притисоци, влечење за уши и сите други епитети што имаме прилика деновиве да ги чуеме, рече Шекеринска и додаде дека барања за избори не постоеа во 2006, не постоеја во 2008, ниту во 2011 година.

Барања, како што рече таа Шекеринска, се случија тогаш кога една група на луѓе одлучи да носи одлуки во име на граѓаните наместо нив, кога одлучија да ја заробат државата и да ги заробат институциите и тоа не беше впечаток и мислење на опозицијата, туку на сите странски и домашни набљудувачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top