| четврток, 6 декември 2018 |

Нобеловата за економија доделена на американски истражувачи кои се занимаваат со климатски промени

Нобеловата награда за економија денеска беше доделена на двајца американски универзитетски истражувачи.

Вилијам Нордхаус од Универзитетот Јеил е награден поради тоа што во долгорочната макроекономска анализа ги вклучи и климатските промени, а Пол Ромеро од Универзитетот во Њујорк за интеграција на технолошките иновации во макроекономската студија.

Двајцата ќе ја поделат Нобеловата награда од девет милиони шведски круни (еден милион долари).

Со доделувањето на наградата за економија, беше завршен овогодинешниот циклус за доделување на Нобелова награда.

Постои дебата за тоа дали економијата е „вистинска наука” во смисла по која се доделуваат Нобеловите награди за конкретни достигнувања во медицината, хемијата и физиката. Оваа награда често се доделува за високо апстрактни трудови во економија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top