Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава пријава против С.В. (56) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 став 6 во врска со став во врска со став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Пријавениот, во својство вешто лице ангажиран од Бирото за судски вештачења при Министерството за правда, во текот на јули 2018 во неколку наврати побарал парични средства во износ од 2000 евра од сопственик на винарска визба од Штип за да стави потпис на економско финансиски вештачења по предмет кој се водел во Основниот суд Штип против правното лице.
Во саботата во просториите на правното лице, пријавениот ги примил паричните средства во износ од 2000 евра, по што се потпишал на финансиското вештачење. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка куќен притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст