| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов „Самун и татлија“ во Радовиш

Од 12 до 14 октомври во Радовиш ќе се одржи традиционалната манифестација „Самун ем татлија“, а годинава домаќините на сите посетители ќе им понудат збогатена програма во чии рамки се очекуваат рекорден број посетители, многу вкусни деликатеси и, се разбира, одлична забава.

„Самун ем татлија 2018“ ќе стартува во петок со почеток во 17 часот, и тоа со промоција на најголемиот самун (5 метри) и најголемата татлија (2 метри). Веднаш потоа ќе следува свеченото отворање на манифестацијата и поздравниот говор на градоначалникот Герасим Конзулов. Во склоп на музичкиот дел во рамките на првата вечер ќе настапат Кристијан Мицев, Троја бенд, Дејан Јованов, Кристина Арнаудова и легендарните Црвена јабука.

„Големи поздрави до нашите пријатели во Македонија, особено до Радовишани. Се гледаме во петок на одлична журка“, вели Жера, фронтменот на легендарните Црвена јабука.

Саботата е резервирана за Фолклорни ансамбли и натпреварот во брзо јадење самун, кои почнуваат во 13 часот, додека во вечерта присутните ќе уживаат во музиката на Куку леле, Бани, Жаре Бербер и Тропико бенд.

„Прв пат ќе гостуваме во Радовиш и многу се радувам заради тоа. Не се сомневам дека ќе си поминеме убаво, впрочем, така е секогаш кога сме во Македонија. Особено се радувам што ќе имам можност да уживам во едно од моите омилени македонски јадења – самунот. Татлија не сум пробал, ама не се сомневам дека и тоа ќе ми се допадне. Самун дефинитивно обожавам, па со оглед на тоа дека слушнав оти има натпревар во брзо јадење може и да се пријавам ха, ха, ха… Се радувам и што пред македонската публика ќе ја промовираме и нашата нова песна „Лавина“, па ете очекувам реакции и коментари од сите вас, со оглед на тоа дека песната ја промовиравме во петокот и сè уште собираме впечатоци и реакции. Едвај чекам да дојдеме во Радовиш, не се сомневајте дека ќе си поминеме супер“, вели Сале, фронтменот на Тропико бенд.

Програмата во недела ќе стартува со настапите на Фолклорни ансамбли, по што сцената ќе ја преземат Распеани Радовишани, Миле Кузмановски, Александар Тарабунов и Синтезис, со кои всушност ќе биде означен и крајот на оваа тридневна гастрономска манифестација, потпомогната од Градоначалникот и Советот на Општина Радовиш и која во 2016 година ја понесе титулата Златна плакета за најуспешна манифестација доделена од Министерството за економија на РМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top