Која партија дејствува тоталитаристички и очекува и практикува беспоговорно извршување на зададените задачи и партиски ставови? Дали во оваа насока предничи СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ?
Прашањето го актуелизираше поранешната висока функционерка во СДСМ, актерката Софија Куновска, екс пратеник и претседател на Градската организација на партијата, која функцијата ја напушти поради револт од новата политика на и во Социјалдемократскиот сојуз.
Куновска се исмеа со заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, која го обвини претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека не знаел да почитува различни ставови во партијата.
Куновска цинично искоментира на фејсбук:
„Хахаха, па она го коментира Мицкоски дека не можел да истолерира различно мислење во својата партија.
Ма само Кили ја има точната реплика за Рада во овој момент.“
И Љупчо Палевски, исто така поранешен лидер на скопската организација на СДСМ, вели дека партијата во моментот не е ни партија туку извршител на сценарио, а не пак да има каква и да е демократија, особено споредбено со некогашната СДСМ.
„СДСМ не е демократска партија. Всушност, тоа веќе не е ни партија, туку една номенклатура која стана обична Соросова инсталација, која наместо да се грижи за државата, за економијата и да се бори со криминалот и корупцијата, минатата година се занимава само со промена на името и идентитетот. Во партијата, нема ништо од она што СДСМ некогаш беше. Од СДСМ остана само зградата“, вели Љупчо Палевски.
Палевски се сомнева дека и ВМРО-ДПМНЕ може да отиде во оваа насока. Соодветна, пак, илустрација на почитувањето или непочитувањето на различните мислења во партијата и тоталитаристичкиот пристап, за дел од познавачите на состојбите се случувањата пред и на неуспешниот Референдумот за Северна Македонија.
За потсетување, уште пред изјаснувањето, дваесетина пратеници и функционери на ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека ќе бојкотираат, а дел како потпретседателот Митко Јанчев и екс министерот Никола Тодоров јавно кажаа дека ќе гласаат. Во СДСМ, пак, сите беа „ЗА“, никој, во ниту еден момент, не се изјасни против партискиот став за гласање и за што ќе се гласа.
Истото се случи на денот на Референдумот кога пратениците Данев, Рангелова и Јовановски гласаа „ПРОТИВ“, додека другите бојкотираа. За експертите многу зборува и фактот што никој од нив не беше санкциониран. Единствено Богојески, кој застана „ЗА“ и постојано ја критикуваше и ја напаѓа сопствената партија е сменет од функцијата, но и со таков разединувачки став остана член на ВМРО-ДПМНЕ.
Од другата страна е СДСМ. Таму, беспоговорно и послушно, гласаа сите пратеници и високи функционери. До денешен ден, нема информација дека некој не излегол на гласање и се спротиставил на партискиот став на Социјалдемократскиот Сојуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


