| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен најпознатиот диџеј, Дејвид Моралес

Американскиот диџеј Дејвид Моралес е уапсен во Јапонија откако полицијата кај него пронашла помала количина на екстази, објавија странските медиуми.

Портпаролот на полицијата изјавил дека Моралес бил уапсен на аеродромот во Фукуока „заради прекршување на законите за контрола на наркотици и психоактивни супстанци“.

Според медиумите, во неговиот рачен багаж биле пронајдени пилули со 0,3 грама екстази. Медиумите уште објавуваат дека диџејот ги отфрла обвинувањата за криумчарење на дрога.

-Тоа не е мое, некој ми го подметнал, рекол Моралес.

Инаку Јапонија има многу рестриктивна политика во однос на дрогите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top