| четврток, 6 декември 2018 |

Во затворот во Тетово пронајден хероин во кутија со сок

Вработени во затвор Тетово вчера при преглед на храна и пијалоци донесени од мајка на затвореник, кој е на издржување времена мерка притвор, во кутија со сок пронашле зипер кеса со хероин.

Како што информира МВР, вчера околу 11 часот од страна на вработени во затвор Тетово при преглед на храна и пијалоци доставена од И.С. (61) од село Мала Речица, тетовско, кои ги донела за нејзиниот син Ф.С. (29), кој е на издржување времена мерка притвор, во една кутија со сок била пронајдена зипер кеса со хероин.

По пријавата во СВР Тетово, излезено е на местото на настанот и пронајдената материја е предадена за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top