| четврток, 6 декември 2018 |

Полицајци нападнати од крадци на дрва

Вчера од страна на полициски службеници околу 21,30 часот на место викано „Стрмол“ во атар на село Дворци, затеканти се А.М., Н.Н. и Е.Ф., со трактор како транспортираат бесправно исечени огревни дрва.

Откако полициските службеници продолжиле да се движат кон село Пеглово, од страна на група граѓани им било попречено движењето, а во еден момент нападнат е и еден полициски службеник. Две лица се приведени и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top