Со многу вреве синоќа заврши промоцијата на филмот на Јани Бојаџи, „Ругање со Христос“. Главно, реакциите на оние кои го виделе филмот се позитивни. Многумина коментираат дека во филмот не само што нема ништо подбуцнувачки, туку повеќе се занимава со состојбата и односите меѓу Македонците , отколку што ги третира Албанците.
Професорката Билјана Ванковска пишува:
,,Сега откако го изгледав филмот „Ругање со Христос“ можам со мирна совест да кажам дека етноцентричноста на албанските политичари во Македонија, е само што создаде драма таму каде што немаше ама баш никаква потреба ни основа, туку и уште еднаш покажа дека заради нивната етничка нарцицоидност на голема врата воведе цензура и автократски однос кон уметноста (што СДСМ едвај и го дочека). УЧК и настаните од 2001 година не само што не се во фокусот на филмот (кој не е документарен, ами уметнички), туку е само попатна епизода на главната сторија. Освен тоа, Јани Бојаџи дури направил напор да ги хуманизира преку ликот на младиот Ариф. Контекстот на приказната е балкански, но сржта на приказната е за Македонците и нивните делби и трагични судбини. Ова е жална, ама и топла човечка приказна, со хумана порака, а ако тргнат да го гледаат низ етничка призма, можеби поголеми емоции (па и лутење за тоа колку болно точно ги прикажал) ќе предизвика меѓу Македонците отколку меѓу Албанците или Грците.
Ова е филм што треба да се погледне неколку пати заради слоевитоста на приказната и пораките, но дефинитивно е исклучителен придонес во македонската кинематографија.
Патем, синоќа беше најавена уште една проекција поради големиот интерес. Немам повеќе информации, но веројатно ќе се снајдете“-пишува Ванковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст