| четврток, 6 декември 2018 |

Зеколи до Заев: Да направеше чистка на министри ќе имаше легитимитет да зборува, вака бара жртви секаде сем кај себе!

Арсим Зеколи повторно жестоко го критикуваше Заев и владата на СДСМ. Имено тој на својот Твитер повторно го коментираше како што вели проапднатиот референдум и пост-референдумските акции на Заев. Зеколи посочи дека по неуспешниот референдум Заев требало да направи чистка во Владата, со што аргументите вперени кон опозицијата “за добро на земјата” ќе беа издржани. За крај истакна дека Заев се однесува неозбилно, барајќи промена и и жртва од сите – сем од себе и своите.

Доколку Заев направеше министерска чистка во неговата Влада веднаш по пропаднатиот Референдум, денес аргументите вперени кон опозицијата “за добро на земјата” ќе беа издржани. Вака, тој бара промена и жртва од сите – сем од себе и своите. Тоа е неозбилно, вели Зеколи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top