Кривична пријава за вршење кривични дела против културното наследство и природните реткости е поднесена вчера против вкупно 14 лица, од коишто 13 се приведени, а по преостанатиот се трага.
Кривичната е поднесена во рамки на акцијата на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски и додаде дека таа е реализирана со цел да се сузбие организирана повеќечлена криминална група составена од лица од Скопје, Велес, Струмица, Радовиш, Тетово, Струга и Битола.
Криминалистичката истрага се спроведувала една година, а вчера се извршени претреси на 16 локации. Од приведените лица привремено се одземени голем број артефакти: монети, полускапоцени и скапоцени камења, стар накит, скулптури, керамички и бронзени предмети, метални шипки, мапи, метал детектори, скици, дефтери, нотеси, мобилни телефони, рамка за пиштол и куршуми и друго.
Штетата која што е направена, како што посочи Ангеловски, не може конкретно да се каже бидејќи станува збор за предмети со непроценлива вредност.
Кривична пријава е поднесена против Р.П. (46) од село Лисиче, Велес, А.Б. (70) од Струмица, И.Д. (51) од Велогожди, Струга, Ж.Р. (65) од Скопје, В.М. (60) од Скопје, К.А. (49) од Тетово, Д.М. (37) од с. Раклиш, Радовиш, С.А. (28) од с. Ињево, Радовиш, Ј.М. (72) од Струмица, З.Ј. (66) од Битола, А.Б. (74) од Струмица, О.Р. (57) од Скопје, Т.Ј. (47) од Велес, Б.Д. (45) од Велес.
Кривичната е поднесена поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, „изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и „прикривање“.
– Пријавените Р.П. (46), А.Б. (70) и Ж.Р. (65) во текот на 2017 и 2018 година со цел стекнување противправна и имотна корист и присвојување на добра под привремена заштита, културно наследство или природни реткости, создале злосторничко здружение во кое како членови за целиот временски период или повремено партиципирале останатите кривично пријавени лица. Пријавените организатори и членови на злосторничко здружување во наведениот период со умисла и континуирано нуделе на продажба поединечно или групно повеќе предмети пронајдени претходно или во текот на посочениот период, договарале и вршеле истражувања на различни локации, истакна Ангеловски.
Пријавените ископаните археолошки предмети од непроценлива вредност на повеќе археолошки локалитети низ повеќе локации во државата меѓу кои Струмица и Велес ги продавале на заинтересирани лица од странство, од Албанија, Турција и Грција. Продажбата ја вршеле на непосредни средби.
Ангеловски додаде дека купопродажбата освен во Македонија ја вршеле и во Грција.
По лишувањето од слобода, И.Д., Ј.М., Б.Д., В.М., А.Б., Р.П., Ж.Р. и А.Б. се задржани во полициска станица до нивно изведување пред судија на претходна постапка. По извршен службен разговор пуштени се О.Р., Т.Ј., К.А., З.Ј. и Д.М..
Како што претходно објавија дел од медиумите еден од приведените е татко на режисерот Јани Бојаџи. Ангеловски денеска демантираше каква било поврзаност меѓу овој случај и филмот на Бојаџи „Ругање со Христа“, кој предизвика контроверзи, а Министерството за култура го означи како скандалозен, бидејќи ги навредувал чувствата на Албанците.
– Апсолутно отфрлам какви било поврзаности. МВР го спроведува законот, секој кој сторил кривично дело ќе одговара за тоа без разлика дали е нечој син, ќерка, татко. На оваа акција се работеше повеќе од една година, рече портпаролот на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст