Неколку измени во Уставот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од административен карактер, разграничување на границите и бројот на епархиите, разгледување на состојбите и животот во епархиите, како и одредување на ставови по одредени прашања од внатрешен и надворешен карактер, се на дневен ред на јубилејно заседание на највисокото црковно-управно и законодавно тело на МПЦ–ОА, Архиепископскиот црковно-народен собор, чиј работен дел почнува денеска во рамки на манастирскиот комплекс „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта.
Во рамки на програмата, вечер ќе се одржи свечена академија во катедралниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид, на која ќе се обрати поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископ охридски и македонски г. г. Стефан. Во истиот храм утре изутрина ќе се одржи света божествена архиерејска литургија.
Соборот е составен од делегати од сите епархии на МПЦ-ОА, и во него членуваат архиепископот, надлежните, викарните и пензионираните архиереи, по две лица од клирот и три лица од верниот народ од секоја епархија, вклучително и дијаспората, игумените на манастирите „Свети Наум Охридски“ – Охрид и „Рождество на Пресвета Богородица“ – Калишта, претставник на монаштвото, Деканот на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ и Ректорот на Средното богословско училиште, старешината на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје,
Одржувањето на соборот е во годината кога Црквата и верниот народ во Република Македонија прославуваат 60 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, кога се одбележува 1000-годишнината од формирањето на Охридската архиепископија, кога ќе се чествуваат и 75 години од Свештеничкото заседание во с. Издеглавје и 1155 години од Моравската мисија на светите браќа од Солун, Кирил и Методиј, информираат од канцеларијата на Архиепископскиот управен одбор на МПЦ-ОА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст