Популарниот актер Стивен Сигал гостуваше во емисија на „Би-би-си“, во која водителката му постави едно прашање кое го налути до таа мера што стана и си замина среде емисијата, која се емитува во живо. Во почетокот, актерот смирено и љубезно одговараше на прашањата на водителката, дури и задоволно смешкајќи се, меѓутоа, непријатната ситуација настана кога водителката го праша како се носи со обвинувањата за силување.
Ве тужеа за сексуално вознемирување и за силување, ме интересира, како се носите со тоа?
Популарниот актер не го дослуша прашањето докрај, туку бесно ги симна слушалките и микрофонот и ја напушти емисијата, оставајќи ја водителката изненадена од неговата реакција.
Стивен Сигал? Не добивме одговор на прашањето?“, рече водителката.
Потсетуваме, популарниот актер беше обвинет од страна на пет колешки за сексуално вознемирување, а наводните злоставувања се случувале на аудициите и на пробите.
Видеоснимката од емисијата можете да ја погледнете во продолжение на оваа објава (делот што се однесува на заминувањето на Сигал е од 2.45 минута).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст