| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева до пратениците: Заев и дружината ќе ги снема ако не потклекнете сега во овие судбоносни денови за Македонија!

Околу последните политички случувања во државата со свој став излезе и универзитетската професорка Тања Каракамишева, таа вели дека пратениците немаат мандат од народот да работат спротивно на волјата на народот и против националните и државните интереси.

Фејсбук статус на Тања Каракамишева:

ДУИ ја отфрли опцијата брзи избори што значи притисокот повторно се враќа врз пратениците.

Да им дадеме поддршка на сите пратеници во насока на неменување на Уставот, но и да ги потсетиме дека пратениците треба да бидат НАШИОТ ГЛАС!

Тие НЕ СМЕАТ, НЕМААТ МАНДАТ ОД НАС да работат спротивно на нашата волја и спротивно на националните и државни интереси!

Тие во моментов треба да бидат браникот на НАЦИОНАЛНОТО ДОСТОИНСТВО И НА ИНТЕГРИТЕТОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Запишете се во историјата на Македонија како храбри и чесни пратеници кои успеале да се оттргнат од канџите на туѓинците и да го обелат образот на своите сограѓани!

Заев ќе си оди, Заев не е претставник на мнозинството Македонци!

Парите што ви ги нудат се колнети, од нив никој фајде нема да види!

Заев и дружината ќе ги снема ако не потклекнете сега во овие судбоносни денови за Македонија!

Вие и натаму ќе треба да живеете со нас Македонците кои немаме намера да се откажеме од нашата Татковина и од нашите основни човекови права и слободи!

Пратеници, бидете национални херои, а не отпадници!

Може нема да ве наградиме со многу пари ама за возврат од нас ќе добиете чиста Македонска љубов произведена од нашите чисти Македонски срца!

Размислете што ви е поважно НЕИЗМЕРНА ЉУБОВ ОД СВОЈОТ НАРОД ИЛИ ПРОКОЛНЕТИ ПАРИ ЗА КОИ ЌЕ МОРА ДА ИМА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ АКО БИДАТ ЗЕМЕНИ?

ЉУБОВ ИЛИ КРИМИНАЛ ОДЛУКАТА Е ВАША!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top