| четврток, 6 декември 2018 |

Бојаџи: Полицијата изврши претрес во мојот дом во Струмица, татко ми е приведен и донесен во Скопје

По пишувањата на медиумите дека утринава полиција упаднала во домот на режисерот Јани Бојаџи во Струмица. Режисерот ја потврди информацијата на својот Фејсбук профил.

– Почитувани, да, утринава во домот на моите родители во Струмица е извршен претрес и после неколку часа мојот татко Андони (75) е донесен во Скопје и приведен во полициската станица во Гази Баба. До овој момент со него не разговарал полициски инспектор, обвинител или судија! Ви благодарам на подршката на сите вас кои денес од раните утрински часови бевте со мене и моето семејство. Да сте живи и здрави. Се гледаме за помалку од час во Кино Милениум.Татко ми со мислите ќе биде со сите нас, напиша режисерот на Фејсбук.

Инаку Јани Бојаџи живее во Скопје, а за упадот на полицијата го известил неговиот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top