Министерството за образование и наука на 14 август годинава склучило договор во четири очи за набавка на учебници, во вредност од 2.4 милиони евра.
На системот за Јавни набавки има објавено договор во кој како договорен орган стои Министерство за образование и наука и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка за откуп на учебници преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас со вкупна вредност на договорот од 149.027.811.
Претходно медиумите објавуваа дека Министерството за образование и наука склучило 27 договори во 4 очи и во овие огласи како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка за откуп на учебници преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас со вкупна вредност на договорите од речиси 7,5 милиони евра.
Упатените коментираат дека со укинувањето на советот за јавни набавки кое се случи непосредно по доаѓањето на власт на СДСМ институциите изгубија контрола врз постапките за јавни набавки кои се почесто се склучуваат во 4 очи. На овој начин се отвораат нови можности околу злоупотреби на целиот процес и се отвора можност за корупција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст