| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Нема да го изневерам народот и нема да гласам за уставни измени (видео)

Нема да ги поддржам уставните измени. Нема да го изневерам народот, народот си го кажа своето, ова го изјави експремиерот Никола Груевски запрашан од новинарите дали има шанси тој да се спаси од извршување на затворска казна ако гласа во Собранието, со оглед на тоа што се во тек разговори за двотретинско мнозинство.

Експремиерот најави дека ќе ги искористи сите правни мерки што им се на располагање нему и на неговиот адвокатски тим кој го застапува.

Апелација ги потврди очекувањата на Груевски – нема дело, има казна

Тој смета дека целиот случај „Тенк“ е политички процес против него и дека претседателката на Апелација им давала инструкции на судиите, нешто што го посочи и на прес-конференцијата што ја оддржа во Собранието.

– Како што знаете станува збор за политички прогон, за политички монтиран процес што се тера. Единствено нешто што се промени од мојата прес-конференција во Собранието е што одложија за после референдумот наместо пред него, изјави Груевски на паузата од днешеното рочиште за предметот „Титаник“ во Кривичниот суд, во кој тој исто така е обвинет.

Обвини дека се врши политички притисок врз судот, пососчувајќи на изјава на в.д. претседателката на Апелација дека требало да се потврди неговата пресуда.

– Станува збор за класичен политички прогон, за обвиненја дека сум влијалел да се купи возило со цел покрај другите и јас да се возам со него, рече Груевски.

Груевски се уште не ја добил одлуката од Апелацискиот суд. Информацијата дека и второстепениот суд му ја потврди затворската казна тој ја дозна додека седеше во судница на рочиште за предметот „Титаник “ каде е првообвинет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top