Пратеникот од Либералната партија, Ивон Величковски, до Собранието достави предлог за измени на Законот за заштита од пушењето. Величковски предлага либерализација на постојниот закон, односно да се дозволи пушење и во затворени простории коишто располагаат со квалитетни системи за вентилација. Тој предлага да се пуши речиси во сите угостителски објекти, дискоклубови, кафулиња, казина, хотели, но и во психијатриските болници, како и во затворите. Величковски предлага да се пуши и во отворените и во затворените трговски центри.
Неговиот предлог пред пратениците треба да се најде на седницата која е закажана за 22 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.