| четврток, 6 декември 2018 |

Судење или изживување – продолжуваат маратонските рочишта против Дурловски, Јовановски, Илиевски…

Кога премиерот Зоран Заев говореше за спроведувањето на правото и правната држава во Македонија, за кои велеше дека силно ќе се залага, по се изгледа мислеше на „право“ по личен вкус. Јавноста веќе месеци наназад е сведок на тортурата и дискриминаторскиот однос кој Судот го има кон обвинетите во случајот 27-април, кои откако најпрво беа обвинети за тероризам, сега се соочуваат со рочишта и расправи кои се закажуваат од ден за ден и редовно траат по повеќе од 8 часа, што е надвор од секоја европска пракса.

За разлика од сите други судски случаи, од кои некои добро познати на јавноста како Диво насеље кое траеше цели две години, „правдата“ и тоа како се брза во овој случај, па рочиштата за 27-април траат по 10, 12, па и 15 часа. На пример, вчерашното рочиште траеше повеќе од 13 часа, додека тоа во вторникот само еден час помалку. За два дена неделава обвинетите вкупно 25 часа беа на судење што е невообичаено на судската практика но и за Европскиот суд за човекови права во Стразбур каде има повеќе пресуди за вакви случаи.

Ваквиот однос е тотално нечовечки кон обвинетите, од кои дел и не живеат во Скопје. На пример, оние од Охрид, кои се во домашен притвор, се спроведени од 5 часот утрината. Дома биле вратени во 3:30 по полноќ или во превод им се судело 22 часа и 30 минути.

И покрај бурните реакции во јавноста за маратонските судски процеси за судењето во случајот 27 април, на кое им се суди на 33 обвинети за настаните во Собранието, судот продолжува со истата практика на исцрпувачки рочишта. За овие судења реагираа и експертите за човекови права, кои велат дека Судот со маратонските судења им ја урива квалитетната одбрана особено на притворените лица и со нив нехумано се однесува бидејќи им го ускратува и правото да престојуваат на воздух најмалку еден час, онака како што им се дозволува додека се во притвор во затворот во Шутка.

– Динамиката на движење и траење на судските расправи, а која конкретно кулминираше на рочиштето во предметот поврзан со настаните од 27-ми април 2017 година кое се одржа на ден 06.09.2018 година во Основниот суд Скопје 1 во Скопје, со почеток во 12.00 часот и траеше до 21.30 часот истиот ден. Со пролонгираното времетраење на рочиштето, а по завршувањето на работното време на судот и неговото траење од 9 часа и 30 минути сметаме дека се постапува на штета на обвинетите во постапката со тоа што се врши повреда на нивното право на адекватно време и простории за подготовка на одбраната, реагираа уште минатиот месец од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Освен овие повремени реакции, никој не реагира на овој дискриминаторскиот однос кој во македонското судство може да се забележи единствено во овој предмет.

Дека ваквите прекршувања на правата на обвинетите е надвор од секоја праткика го потврдува фактот дека Европскиот суд за човекови права заради две 15 часовни рочишта, одлучил дека е нарушено правото на фер и правично судење и е неопходно повторување на постапката во еден судски случај.

Европскиот суд за човекови права има повеќе пресуди за повреда на право на ефективна одбрана за ваква тортура каква што се прави во случајов, а случајот уште непочнат се најде во извештајот на Хелсиншкиот комитет во кој на судот му се посочува дека треба да води сметка и за ефективноста на постапката, односно да не заседава во маратонски рочишта кои ќе траат повеќе од еден работен ден, без да има особено оправдани причини за тоа и да им овозможи на страните во постапката да имаат време за одмор и за подготовка и за наредните рочишта на државата и двајца за поттикнување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top