| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата утрово извршила претрес во домот на режисерот Јани Бојаџи

Утринава полицијата упаднала во домот на режисерот Јани Бојаџи во Струмица, јавува Лидер.мк повикувајќи се на извори блиски до Бојаџи.

Семејната куќа на режисерот утринава била посетена од полициски сили, кои извршиле претрес и го барале него. Бојаџи живее во Скопје, но откако неговиот татко го известил за упадот, се упатил кон Струмица и во моментов патува за да види за што се работи.

Повеќе детали за случајот се очекуваат во текот на денот.

Инаку власта изминатиот период на секаков начин се обидува да го цензурира негвиот филм „Ругање со Христос” затоа што во него се прикажани сцени од војната во 2001 година, во кои УЧК брутално ги малтретира Мавровските работници и уште неколку други злосторства на оваа паравоена формација.

Пред два дена Бојаџи на Фејсбук објави за притисокот од власта и обидите за цензура преку забрана на кино салите да го прикажуваат филмот.

Инаку вечерва во кино Милениум, треба да се одржи премиерата на овој филм, во рамките на фестивалот „КинеНова“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top