| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанка со „Цитроен“ се превртела во Кисела Вода, итно пренесена на клиника

Вчера улица „Борис Трајковски“, општина Кисела вода, патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.С. (36) од Скопје, изгубило контрола и се превртело.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Л.С. и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top