Во рамките на планираните активности на Секторот за внатрешни работи Тетово за откривање и санкционирање на лица кои се инволвирани во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, во текот на минатиот месец, од 6-ти до 28-ми септември, на поширокото полошко подрачје лишени од слобода се вкупно 120 лица.
Најголемиот број од нив (92) лишени се на тетовското, а 28 на гостиварското подрачје. Претежно станува збор за машки лица на возраст од 15 до 45 години, не само од Тетово и Гостивар, туку и од повеќе села, кај кои пронајдена, фотодокументирана и одземена е марихуана, кокаин, хероин, хашиш и екстази.
По целосно документирање на случаите против лицата се поднесуваат соодветни кривични пријави.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст