| четврток, 6 декември 2018 |

Драмата продолжува: Кетрин поради Роналдо сакала да се самоубие!?

Скандалот во кој е вмешан Кристијано Роналдо продолжува и понатаму, откако денеска адвокатскиот тим соопшти дека девојката Кетрин Мајорга сакала да се самоубие поради Португалецот.

Адвокатскиот тим на Американката имаше прес-конференција во Лас Вегас, каде што соопшти нови детали.

„Мајорга од 2009. година падна во депересија и размислувала постојано да се самоубие“, кажаа адвокатите.

Очигледно тој период бил многу тежок за девојката, а дека има здравствени проблеми потврдија и докторите.

„Мајорга прима терапија и има голема поддршка од луѓето околу себеси“, кажаа докторите.

Инаку, Роналдо претходно целата приказна ја демантираше.

Извор: Суперспорт

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top