| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев од Велика Британија: ВМРО-ДПМНЕ е посветена на евро-атлантските интеграции

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, ја продолжи својата посета на Велика Британија во рамките на годишната конвенција на владејачката Конзервативна партија во Бирмингем.

Ѓорчев, во рамки на посетата, остварил средба со министерот за надворешни работи, Џереми Хант, при што го информираше за последните политички настани во Македонија. Воедно, Ѓорчев се заблагодари за партнерството и поддршката што ја има Македонија од Велика Британија, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамките на конференцијата, Ѓорчев кратко се сретнал со Сајид Јавид, министер за внатрешни работи на Велика Британија, кој на конференцијата имал едно од клучните обраќања, како и министерот за здравство, Мет Ханкок.

Ѓорчев остварил билатерални и поединечни средби со пратениците Алекс Схелбрук, Алистер Бурт и Ендрју Розиндел. На овие средби тој ги информирал британските парламентарци за последните политики случувања во Македонија во повеќе области, како и разочарувањето на македонските граѓани од неостварените ветувања и владините политики.

Ѓорчев истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на евро-атлантските интеграции и дека ќе продолжи партнерството, пријателството и сојузништвото помеѓу Македонија и Велика Британија.

На крајот од претстојот, пратеникот Ѓорчев присуствувал на годишното обракање на премиерката Тереза Меј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top