| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: При судир на Косово, прашање е на кого може да смета Србија

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ нагласи денеска дека замрзнатиот конфликт на Косово може да предизвика прогон на Срби од таму и успорување на европските интеграции.

Во изјава за ТВ Пинк, Дачиќ рече дека замрзнатиот конфликт може да предизвика повторувaње на „хрватското сценарио“ – Албанците да упаднат на север во Косово и да ги протераат Србите со наводна премолчена согласност на меѓународната заедница.

– Србија тогаш би била пред важно прашање што да направи? Дали да ги брани Србите, да интервернира и да велзе во судир со КФОР, НАТО, и тоа значи дека тој судир може да се прошири. Доколку се случи судир, прашање е на кого може да смета Србија, дали тоа значи наше обраќање до Русија, рече Дачиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top