| четврток, 6 декември 2018 |

„Скопска“ ќе може се надополнува преку сметка и од мобилен

Билет за едно возење и надополнување на картичките за автобус преку сметка или преку мобилен телефон, се дел од новостите со кои ќе биде надграден системот на јавниот градски превоз. Четири години откако Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ја воведе електронската картичка „скопска“, ќе бидат воведени новини во електронската наплата, пишува Независен. Повеќето се резултат на барањата на граѓаните да се дополнат опции што ќе обезбедат системот да функционира поефикасно и поедноставно.

– Планираме воведување на нови видови билети, но и лесен пристап до билет за едно возење, наменет особено за граѓаните што не користат редовно јавен превоз, не се од Скопје или се туристи. Исто така, планираме и воведување напредни ИТ-технологии кои ќе овозможат набавка на нашите услуги и надополнување на билети од сметка, преку интернет-продавница и со употреба на апликации наменети за паметни уреди, телефони, таблети и сл., велат од ЈСП.

Посочуваат дека подолго време се свесни за потребата од ревизија на целиот систем, но бидејќи сè уште се обврзани со актуелни договори, досега не можеле да ги имплементираат промените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top