| четврток, 6 декември 2018 |

Тетово: Со „Пасат“ удрил 8-годишно дете, итно пренесено во болница

Вчера во Тетово околу 18 часот на улицата „180“, патничко возило „Фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 31-годишен возач Ф.М, удрил во 8-годишно дете кое било во улога на пешак.

Повреденото дете со истото возило пренесено е во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата и другите околности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top