| четврток, 6 декември 2018 |

Слугинка висела од 7 кат, а газдарицата само снимала (Видео +18)

На година и осум месечи затвор, кувајтскиот суд ја осудил жената која со мобилен телефон ја снимала слугинката од Етиопија како паѓа од седми кат.

На шокантната снимка се гледа како Етиопјанката плаче и моли за помош додека виси од балконот држејќи се за рамката со рака. Во еден момент паѓа на метална тенда.

За среќа, преживеала, но ја скршила раката. На снимката може да се слушне како помошничката вика: “Држи ме, држи ме” и тоа неколку моменти пред раката да и лизне од оградата.

Меѓутоа, сопственичката на станот не само што не и помогнала, туку и продолжила да ја снима нејзината агонија.

Бидејќи, воопшто не и помогнала на несреќната жена, туку целото време снимала, на крајот завршила во затвор.

Кувајт е дом за повеќе од 600.000 домашни помошнички. Повеќето од нив се од азиски или африкански држави. Многу од нив се жалат на злоставување, понижување и неисплатени плати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top