| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка кај Штип: Со „Астра“ излетала oд патот, удрила во дрво и се превртела

На регионалниот пат Штип-Карбинци, во с. Стар Караорман, ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која е тешко повредена 23-годишна девојка. Несреќата се случила кога возилото „Опел Астра“ кое го управувала таа излеталo надвор од коловозот и удрилo во дрво, а потоа во бетонска ограда и се превртелo.

По незгодата девојката со возило на Итна медицинска помош со повреди била пренесена во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top