| четврток, 6 декември 2018 |

Овие скопски општини утре ќе останат без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Карпош, Бутел и Кисела Вода.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците покрај ул. „Скупи“ и под ул. „22“ во општина Карпош, а од 08:10 до 11.00 часот, Лозарство на Земјоделски факултет во општина Бутел.

Без струја и тоа во периодот од 9:00 до 14:00 часот ќе биде дел од ул. „Борис Трајковски“, објекти од Канал до Цементарница, и на истиот бул. подуличките „11“, „13“, во општина Кисела Вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top