| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан полицаец застрела двајца свои колеги

Полицаец во алкохолизирана состојба застрела двајца свои колеги во етиопискиот главен град Адис Абеба, соопштија државните медиуми.

– Напаѓачот исто така е застрелан, изјави началникот на федералната полиција Зејну Џемал.

Тој не соопшти дали станува збор за етнички мотивиран напад.

Улиците во централниот дел на градот, каде што се случи престрелката, беа блокирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top