Еден полицаец е убиен, а шестмина се повредени, во огнена престрелка со маж кој како заложници држел деца во својата куќа во луксузниот кварт во Флоренс, Јужна Каролина, соопштија властите.
Осомничениот е уапсен, по заложничката криза која траела два часа, а ниту едно дете не е повредено, соопштиле властите.
„Напаѓачот прво пукал од неговата куќа во тројца припадници на окружната полиција, кои дошле со налог за негово апсење“ рекол окружниот шериф, Мајк Нан.
Напаѓачот потоа отворил оган кон четворица полицајци од градската полиција, при што еден усмртил. Полицијата не соопштила зошто првично бил издаден налог за негово апсење, ниту го објавиле неговиот идентитет. Нема ниту информации во каква состојба се повредените лица.
Ова е втор случај на пукање на повеќемина полицајци во Јужна Каролина оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст