Иако првата помисла кога ќе спомнеме дебели луѓе оди кај Американците, тие веќе не се најдебелата нација во светот. Мексиканците им го зедоа приматот на Американците. Според последното истражување на Одделот за храна на ОН, објавено изминатава седмица, дури третина од возрасните граѓани во Мексико или 32,8 проценти се здебелиле и имаат процент на масти над 30. Во САД, пак, дебели се 31,8 процент од жителите. По Америка следува Сирија со 31,6 процент.
Според Абелардо Авила, лекар од Мексиканскиот институт за исхрана, дебели се претежно сиромашните луѓе кои се хранат многу нездраво. Дијабетот убива околу 70.000 луѓе годишно во Мексико.
Истражувањето на ОН вели дека околу 12 проценти од целото население во светот е прекумерно дебело, а ако се земат предвид сите држави во светот, дебелината е најзастапена во Науру – островска држава во јужниот дел на Тихи Океан. Таму 71,1 процент од вкупно 10.000 луѓе се дебели.
Најслаби, пак, се Јапонците. Јапонија е најразвиена земја со најмалку дебели граѓани –само 4,5 проценти.
Листа на развиени земји и земји во развој со најголем проблем со тежина:
1. Мексико – 32,8%
2. САД – 31,8%
3. Сирија – 31,6%
4. Венецуела – 30,8%
5. Либија – 30,8%
6. Тринидад и Тобаго – 30
7. Вануату – 29,8%
8. Ирак – 29,4%
9. Аргентина – 29,4%
10. Турција – 29,3%
Следуваат: Чиле, Чешка, Либан, Нов Зеланд, Словенија, Ел Салвадор, Малта, Панама, Антигва, Израел, Австралија, Сент Винсент, Доминиканска Острови, Велика Британија, Русија и Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.