Александар Николоски потпретседател на ВМРО ДПМНЕ изјави дека ако Зоран Заев планира да се одржат избори, треба да знае дека тој ќе биде поразен.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го оценува референдумскиот процес како груб фалсификат со бројни нерегуларности евидентирани на самиот ден на гласање и повтори дека е поднесено барање за формирање на анкетна комисија во Собранието со цел разрешување на овие нерегуларности и лоцирање на одговорност.
Покрај ова, Николоски соопшти и дека доколку владеачкото мнозинство сака да оди на избори треба да е свесно дека истите ќе ги загуби а транзиционите политичари како Заев, Димитров и Шекеринска ќе бидат испратени во политичка пензија. Тој додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ ги формирало изборните штабови внатре во партијата. За претседател на републичкиот изборен штаб е назначен Генералниот секретар Игор Јанушев а за претседател на градскиот изборен штаб потпретседателот Владо Мисајловски.
Предлозите на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Господин Христијан Мицкоски прифатени од ИК се:
-Да се формира во Собранието Анкетна Комисија составена од пратеници. Иницијатива за формирање веќе е поднесена, комисијата која ќе има задача да ги истражува и разгледува сите неправилности и нерегуларности кои се случија на денот на референдумот а се далеку од демократските и европските принципи и веднаш потоа заклучоците да се процесираат до органите на прогонот и оние кои што правеа неправилности пред, на денот и по референдумот да бидат соодветно санкционирани според Изборниот и Кривичниот законик.
-Барање за разрешување на актуелниот Јавен обвинител кој е предложен од власта, а не ја извршува својата задача согласно ингеренциите и должностите односно замижува пред очигледниот криминал и нерегуларности пред, на денот и после референдумот. Избор на нов Јавен обвинител на предлог на опозицијата кој ќе треба да се позанимава со сите овие нерегуларности.
-Доколку Заев има намера да распише избори би сакал да кажам дека ќе го победиме. Покрај овие две барања, потребно е веднаш да се почитува договорот и законот за избори каде ќе се формира техничка влада според пржинскиот модел со мандат од 100 дена. Тоа значи оставки на Заев, Спасовски и Царовска и министри за внатрешни и за труд и социјала од ВМРО-ДПМНЕ 100 дена. Само тоа ќе е предуслов за колку толку фер избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Александар Николоски: Владеење на правото е единствениот пат за Македонија
-
Николоски: Мнозинството на етничките Македонци се против договорот
-
Николоски: На 30 септември ќе победи народот, тој многу добро знае што треба да прави на тој ден
-
Николоски за тендерот со учебници: Менуваат име за да крадат!


