Издавачката куќа „Ѓурѓа“, Скопје, организира ,,Ноќ на поезија и вино” на која ќе биде претставена стихозбирката ,,Платно од шепот” од Марко Виденовиќ, прв македонски интернет поет.
Промоцијата ќе се одржи во 19 часот во Македонската филхармонија ,,Платно до шепот” е прва објава на Марко Виденовиќ, а тој, пак, е првиот македонски интернет поет чии стихови добија корици.Неговите први стихови осамнаа во лавиринтите на социјалната мрежа Фејсбук и успешно го пронајдоа патот до многубројни читатели кои ја препознаа искреноста на неговиот инспиративен поетски израз. Читањето на неговите стихови за многумина стана вистинска покривка и прегратка што на сите ни е потребна и во среќните и во тажните мигови на секојдневието. Тие се лечебни.
Тој е роден во Крушевац, Република Србија. Завршил средно музичко училиште во Битола, а дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот виола. Во моментов е вработен во Македонската филхармонија како прв виолист, а член е на Мјузик прогресив квартет и гудачкиот квартет Бревис.
Како член на повеќе ансамбли, свои настапи забележал во: Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Полска, Чешка, Германија, Португалија, Америка, Русија, Италија, Германија, Канада и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


