| четврток, 6 декември 2018 |

Завршна манифестација на фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2018 “

Завршната манифестација на Фестивалот на поезија за деца „Стихувалки 2018 “ ќе се одржи на 5-ти октомври на Денот на учителот, а во рамките на одбележување на Неделата на детето, со почеток во 18.00 во КИЦ во Скопје. Ќе се соопштат трите најдобри творби за деца од тројца автори на кои ќе им се врачат парични награди.
На сите 49 застапени автори во ЗБИРКАТА со поетски творби за деца, ќе им биде врачено признание за нивното учество на конкурсот и за афирмација на поезијата за деца, како и примерок од книгата. Проектот се реализираше изминатите 9 месеци во неколку фази:
– распишување конкурс з афирмирани и неафирмирани автори на поезија за деца;
-селекција од страна на жири комисија;
-објавување на Збирка поезија со најдобри песни и промоција на истата во неколку градови( Битола, Охрид, Кочани, Прилеп, Велес, Гостивар, Штип)каде гласаше и публиката.
Целта е да се поттикнат сите оние кои имаат афиниет да пишуваат за деца, бидејќи во македонската литература недостасуваат и автори за деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top