| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца Ражнатовиќ: Не постои маж што може да го замени Аркан!

Цеца Ражнатовиќ ретко зборува за емоциите и своите врски, но за тоа, како што вели и самата има посебна причина. Сепак, фолк пејачката во интервју за „Бекстејџ“ конечно реши да прозбори за оваа тема и како што рекла, моментално е задоволна од својот живот.

„Не сакам за нешто толку интимно да се зборува и да се пишува. Доволно е јавноста да знае дека сум задоволна од својот живот, а тоа значи дека сум го организирала онака како што ми годи”, потенцирала Цеца.

Иако во последното видео за дуетската „Лажов ноторни”, која ја сними со Саша Матиќ, публиката ја виде во венчаница, таа вели дека се мали шансите во реалноста такво нешто да се случи.

„Се омажив еднаш од љубов и родив две деца. Не велам дека од трагичниот крај на тој брак цело време сум била сама, имаше некои врски и комбинации, но никогаш не сум размислувала да се омажам за некој од тие мажи. Не постои таков кој може да го замени Аркан”, заклучила Ражнатовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top