| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската пејачка се пофали со зимницата – Ме бива за сѐ!

Елена Петреска деновиве на социјалните мрежи се пофали дека ја бива за се! Имено, пејачката сподели неколку фотки преку кои го покажа мармаладот од сливи кој што сама го направила, а објавата наиде на воодушевување кај фановите кои и порачаа дека е супер домаќинка.

Инаку, пејачката која е мајка на две деца во едно интервју откри дека родителството ја променило во целост, а малата Софиа и Михаил се нејзино СЕ во животот.

Мајчинството е најубавата работа која ми се случила. Децата се неизмерна љубов, позитивна енергија и радост. Ми се оствари желбата да имам и син и ќерка. На лик се многу слични, дури на моменти како близнаци, а во карактерот се многу различни, рече Елена која наскоро ќе промовира нов сингл, а паралелно работи и во Македонската опера и балет каде има редовен ангажман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top