| четврток, 6 декември 2018 |

Нејмар го истури бесот врз Црвена Звезда, историски погодок на Марин

По ремито без голови на домашен терен, Црвена Звезда попушти на гости кај ПСЖ и загуби со убедливи 6-1 (4-0) во 2. коло од групата Ц во Лигата на шампионите.

Натпреварот беше неизвесен само 20 минути, а потоа следуваше фудбалска лекција од фудбалерите на Томас Тухел за српскиот шампион. Отвори Нејмар, најпрво со слободен удар и две минути потоа со лесен погодок од неколку метри, а на голеадата до крајот на првиот дел се надоврзаа уште и Ди Марија и Кавани.

Нејмар и даде два гола на Звезда за само 120 секунди (видео)

Со оглед на високата предност, темпото на домаќинот наметнато во првите 45 минути се намали. За да не остане покус, Мбапе се запиша во листата на стрелци со петти погодок во гостинската мрежа.

Тука не беше крајот на возбудувањата, бидејќи Марин Марко постигна гол за утеха кој за нијанса го намали срамот за српските фудбалери во Париз. Тоа е историски погодок за „црвено-белите“, кои ја запишаа првата реализација во новиот формат од натпреварувањето. За крај, Нејмар погоди по третпат и го комплетира хет-трикот за конечни 6-1.

Во вториот меч кој се одигра во овој термин, Шалке 04 се искачи на врвот на табелата во групата Д. Денес, тимот од Гелзеркирхен славеше во Москва кај Локомотив (0-1) со гол во самата завршница на Вестон МекКини.

Извор: гол.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top