| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши Галичката свадба

Александра Крстевска и Васе Ѓорѓевски ја крунисоа својата љубов на Галичка свадба. Заврши и годинешнава традиционална свадба. Ечеа зурлите и тапаните во мијачки крај, од Галичник до Река.Свадбарското славје започна синоќа со китењето на бајракот и трите истрели од пушка. Се канеа мртвите, се канеше кумот, го бричеа зетот, помина и строевањето на невестата која низ прстенот го погледна младоженецот. На крај венчавката заврши во црквата „Св. Петар и Павле“ и оро на сретсело.

galicka-svadba-21

Традицијата продолжува, традицијата се почитува. Галичник живее за овој настан, кој секоја година им носи илјадници туристи. И годинава меѓу оние околу 4.000, колку што ги имаше на Галичник, се најдоа странци кои дошле специјално за Галичката свадба.

galicka-svadba-07

На церемонијата присуствуваше и претседателот Ѓорѓе Иванов кој е покровител на традиционалната Галичка свадба. Им подари икона да им го чува домот и им посака многу дечиња на младенците.

galicka-svadba-08

Годинава свадбата ќе остане запаметена и по необичната просидба од страна на бајракчијата, кој ја побара раката на својата девојка.

Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top