Синоќа околу 22 часот, медицинска сестра од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје пријавила дека лицето Н.Ц. побарало лекарска помош поради здобиени повреди од физички напад.
Според пријавеното, околу 01.00 часот во близина на угостителски објект во с. Мирковци меѓу Н.Ц., кој управувал товарно возило „Мерцедес Вито“ и Д.Н., кој управувал патничко возило „БМВ“, а во кое бил и неговиот брат близнак Д.Н., настанало расправија поради недоразбирање во сообраќајот.
После тоа од возилото излегло едно од лицата и со тврд предмет удирал по возилото „Мерцедес Вито“, а потоа неколку пати го удрил Н.Ц. во пределот на главата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст