Професорката Стрикланд во историјата е трета жена што ја добива Нобеловата награда за физика по Марија Кири во 1903 и Марија Геперт – Мајер во 1963 година.
Таа ја споделува годинашената Нобелова награда за физика со професорите Артур Ашкин од САД и Жерар Муру од Франција. Тие ја добија наградата за особен придонес во развојот на ласерската физика.
Тие развија технологина наречена ЦПА со која се врши ласерски третман на заболените од карцином , како и во ласерските операции за корекција на очната диоптрија .
„Прво што ќе помислиш кога ќе слушнеш е дека ова е лудо и се прашуваш дали е вистина. Пресреќна сум и за Ашкин и за Жерар, кој беше мој супервизор и ментор и многу ја заслужи наградата“, изјави 59-годишната Стрикленд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


