Карл Лагерфелд повторно ги надмина сите очекувања и ја претстави новата колекција на импровизираната плажа среде Париз и ги занеми сите.
Ревиите на модната куќа „Шанел“ веќе долга низа години се поврзува со грандиозни продукциски решенија кои понекогаш делуваат дури и незамисливо. Но, тоа не го спречува Лагерфелд своите ревии да ги опреми со сценографија која се граничи со нереалното.
Лани нè воодушеви „маѓепсаната шума“ на „Шанел“, а оваа година среде Париз Лагерфелд создаде песочна плажа сосе бранови по кои весело трчаа босоногите модели.
Ако светот по нешто ќе се сеќава на Карл Лагерфелд тогаш тоа дефинитивно е твидот и – продукцијата!
Лагерфелд својата колекција за „Шанел“ за сезоната пролет/лето 2019 година одлучил да ѝ прикаже на модната публика во парискиот Гран Пале во кој направи романтична летна атмосфера исполнета со бранови, песок и шарм.
Тоа беше колекција која Лагерфелд ја замисли како омаж на француското крајбрежје, а ревијата како и лани ја отвори младата манекенка Каја Гербер, ќерка на топмоделот Синди Крафорд.
„Шанел“ одлучи за наредната пролетна и летна сезона на дамите да им понуди многу повеќе. Колекцијата беше исполнета со парчиња од неодминливиот твид, костими за капење во линии кои моделите ги носеа со свилени марами, миди здолништа украсени со мотиви на палми од кристали, а беа претставени и тексас килоти, кратки кардигани. Палетата од бои е вистински летна, од нијанси на праска и интензивна розова, до оние понеутралните. Што се однесува до аксесоарите, тука беа проѕирните сандали, плетените качкети, двојните чанти, свилените марами со мотиви на чадори, чантите во облици на топка за плажа и школки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст