| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец измамен за 16 000 денари: Лажен странец му оставил часовник како гаранција и повеќе не го видел

Шеесетгодишниот гостиварец Ѓ.К. вчера пријавил дека околу 09.30 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар бил измамен од две непознати лица.

Тој бил пресретнат од едно лице, но набргу потоа му се доближило уште едно лице (наводно странец) и му побарало пари за операција на неговата сопруга. Ѓ.К. му дал 13.000 илјади денари и 50 евра, а „странецот“ му ветил награда од 500 евра кога ќе ги подигне парите. Како гаранција дека ќе се врати му оставил часовник.

Двајцата заминале и не се вратиле, а по некое време Г.Ќ. сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top