Ноќеска во центарот на Кичево се случи необична сообраќајка во која нема повредени. Автомобил марка „фолсваген пасат“ управуван од В.М., кој го загубил правецот на движење и преку тротоарот удрил во скали од деловен објект. Според „Нова Македонија“, од силината на ударот автомобилот се превртел на кровот, но, за среќа, возачот неповреден излегол од автомобилот. Воздушните перничиња, кои се отвориле по ударот, придонеле оваа сообраќајка да има среќен крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.