Владиниот портпарол Миле Бошњаковски во однос на прочистувањето на Избирачкиот список денеска изјави дека се наследени повеќе проблеми и оти надлежните институции соодветно треба да ги адресираат и решаваат.
На прес-конференцијата во Владата, Бошњаковски посочи дека од 2002 година во Македонија немало попис и оти над 400 илјади граѓани не живеат во државата, а фигурираат во Избирачкиот список, што секако има импликации на сите изборни и референдумски процеси.
– Постојат повеќе сегменти што треба да се адресираат. Дел од нив се должност на Владата, а дел се должност на други институции. Во Македонија од 2002 година немаме попис, но во моментот течат подготовките во Државниот завод за статистика за одржување на попис. Наследени се повеќе проблеми што треба да се адресираат и да се решат. Свесни сме сите и дека над 400 илјади наши сограѓани не живеат во Македонија, а ги имаме на Избирачкииот список дека живеат во Македонија. И ова си има импликации на сите изборни и рефередумски процеси. Државната изборна комисија во наредниот период најверојатно ќе интервенира во однос на Избирачкиот список, меѓутоа сите институции треба соодветно да ги адресираат овие ситуации и да се решат, рече Бошњаковски.
Додаде дека не се работи за тоа дали има добра волја ова да се направи, туку дека тоа е прашање на време и приоритети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст