| четврток, 6 декември 2018 |

Следува октомвриско лето

Продорот од југ кој што го најавивме во текот на следниот период ќе услови да имаме натпросечно високи температури кој ќе бидат релативно летни и во текот на следните денови максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени.

Времето ќе биде сончево со умерена облачност додека локално ќе има и позначителна облачност а има услови и за слаб локален дожд, ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер претежно од променлив правец.

За време на викендот и тоа особено во недела како и на почетокот од следната недела ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со дожд и грмежи.

Со овој топол продор од југ и понатаму ќе продолжи летото во октомври, исто така и најновите анализи укажуваат на тоа дека првата половина на овој месец ќе биде релативно летна и доста топла со релативно натпросечно високи температури за овој дел од годината.

Ув индексот ќе има умерено висока вредност и ќе изнесува коефициент помеѓу 3 и 5.

Подготви: Славчо Попоски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top