| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца возачи од ЈСП отпуштени затоа што го бојкотирале референдумот

,,Лидер” екслузивно дознава дека тројца возачи од ЈСП се отпуштени затоа што го бојкотирале референдумот во неделата. Директорот на ЈСП правел телефонски повици до вработените во ЈСП, каде тој директно им кажал дека имаат евиденција дека лицата не излегле на гласање и доколку не излезат веднаш, ќе им биде прекинат договорот за вработување со ЈСП. А тие кои биле со договор на неопределно работно време дека ќе бидат прераспреелени од возачи во хигиничари, гумари и други слични позиции.

Според неофицијалните информации во штабот на СДСМ во Сопиште, имало список на вработени по институции и на тој начин го информирале директорот на ЈСП. Три лица кои биле под договор на дело на работно место возач, не ја послушале уцената од директорот и утрото на работа биле пречекани од одделението за човечки ресурси каде што им било кажано дека повеќе немаат потреба од нив, иако овие лица повеќе од три години одговорно си ги извршувале своите работни обврски.

извор:Лидер.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top